Т’га за југ
Орелски крилја как да си метнех,
И в наши ст’рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, Да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с’нце и тамо Мрачно угревјат како и вамо. Ако как овде с’нце ме стретит, Ако пак мрачно с’нцето светит На п’т далечни ја ќе се стегнам И в други ст’рни ќе си побегнам, К’де с’нцето светло угревјат, К’де небото ѕвезди посевјат. Овде је мрачно и мрак м’ обвива И темна м’гла земја покрива: Мразој и снегој и пепелници, Силни ветришча и вијулици; Околу м’гли и мразој земни, А в гр’ди студој и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам, Не, ја не можам мразој да гледам! Дајте ми крилја ја да си метнам, И в наши ст’рни да си прелетнам: На наши места ја да си идам, Да видам Охрид, Струга да видам. Тамо зората греит душата И с’нце светло зајдвит в гората: Тамо дарбите природна сила Со с’та роскош ги растурила: Бистро езеро гледаш белеит Или од ветар сино – темнеит; Поле погледниш или планина, Сегде божева је хубавина. Тамо по срце в кавал да свирам, С’нце да зајдвит, ја да умирам. ---- Константин Миладинов |
Други проекти од нас : |