Сердарот
Можеби токму ова го повело Григор Прличев по стапките на грчките трагичари да создаде дело кое ќе остави силна трага во развитокот на македонската литература.
Поемата „Сердарот“ изобилува со врвни уметнички квалитети, впрочем и Прличев заслужено го добил епитетот втор Хомер, сложените епитети, описот на оружјето, општата епска нарација, градењето на ликовите се под големо влијание на Хомер, воедно можеме слободно да кажеме дека „Сердарот“ е симбиоза на фолкорот, хомеровиот стил и уметничката дарба на Прличев.
Сите македонски творци и дејци од XIX век при своето творење се угледуваале на народната песна, народниот стих, како и користењето на мотивите како и начинот на нивната експресија.
Темата за ова поема Прличев го позајмил од најдолгата македонска народна песна „Кузман Капидан“, но со една воочлива поетска разлика ТОЈ ГО ПОГУБУВА својот КУЗМАН.Мајката на Кузман, Неда, е сензибилна, романтична и вљубена во својот челад и народ, со возвишени чувства за национално заштитување, без егоизам и спремна и решителна да се жртвува.
Темата за ова поема Прличев го позајмил од најдолгата македонска народна песна „Кузман Капидан“, но со една воочлива поетска разлика ТОЈ ГО ПОГУБУВА својот КУЗМАН.Мајката на Кузман, Неда, е сензибилна, романтична и вљубена во својот челад и народ, со возвишени чувства за национално заштитување, без егоизам и спремна и решителна да се жртвува.
Читајќи ги стиховите на тажење на Марија веднаш можеме да ја забележиме досмртната верност кон саканиот, кои по трагичниот крај на нејзиниот сакан, силните и искрените чувства кои ги има спрема него ќе ѝ го побркаат и умот.
И печатот во него жалта ја изразил жешка,
жалта што нема да мине.
На челото светло се одрази тагата тешка:
срцето таа го кине.
Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.
И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син...
Уживајте во овие летни, тропски горештини со едно од најголемите достигнувања на македонската литератураа воопшто, или како што рекол Б. Конески: „Исполнета со патос на прославувањето на јунаштвото и слободата, Прличевата поема се поврзува со такви дела на југословенската книжевност на XIX век какви што се „Горски венец“ и „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“.“