За македонцките работи
„За македонцките работи“ е книга напишана од Крсте Петков Мисирков и објавена во Софија во 1903 година. Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè кон македонскиот јазик. Во книгата се обработува тематиката за основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука.
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското националноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:
1 Предгоор
2 Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
3 Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?
4 Националниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.
5 Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?
6 Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.