Крсте Петков Мисирков
Роден(а)Крсте Петков Мисирков
18 ноември 1874
Pостол, Отоманска Империја
(Егејска Македонија, денес Грција)
Д-р Крсте Петков Мисирков бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.
Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.
Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро (како и останатите негови македонски колеги) дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.
Крсте Петков мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ке iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.